• понеделник, 06 мај 2024

Во тек пријавувањето за Велигденската изложба на творби во Делчево

Во тек пријавувањето за Велигденската изложба на творби во Делчево

Делчево, 28 април 2024 (МИА) – Во Делчево во тек пријавувањето за учество на традиционалната „Велигденска изложба на творби“. Прославата по повод големиот христијански празник Велигден, традиционално се организира во соработка со образовните институции во Општината, детската градинка „Весели цветови“, Националната установа Центар за култура „Н.Ј. Вапцаров“, Јавната локална библиотека „Илинден“, здруженија на граѓани и локални институции.

- Настанот ќе се одржи на 02.05.2024 година, четврток, на платото пред Спомен-домот АСНОМ, Делчево со почеток во 12.00 часот.

И оваа година, очекуваме да Ве водат креациите во аранжирањето на штандовите, а потенцираме дека во рамките на манифестацијата ќе се одржи традиционална велигденска изложба на јајца, ликовна изложба на дела од ученици од локалните училишта на тема Велигден, како и други креации поврзани со празникот, информираа организаторите на изложбата.

Соодветна Комисија ќе ги оценува творбите, а за најдобрите, Општината обезбедува парични награди.

- Пријавување на заинтересираните за учество на настанот во Општина Делчево (контакт-лице Ванчо Новоселски, тел 070309630, email info@delcevo.gov.mk) ПРИЈАВА за учество во манифестацијата „Велигденска изложба 2024“, додадоа од Општина Делчево.

Бидејќи, на Велики четврток по традиција останало да се вапцуваат велигденските јајца, настанот според организаторите е одлична прилика учесниците да ја покажат нивната умешност на дело, но и да бидат хумани, затоа што собраните приходи ќе бидат наменети во хуманитарни цели. вс/ир

Фото: Општина Делчево

Остани поврзан