• четврток, 02 мај 2024

Средба на Пендаровски со шефицата на Набљудувачката мисија за изборите на ОБСЕ/ОДИХР Џилиан Стирк

Средба на Пендаровски со шефицата на Набљудувачката мисија за изборите на ОБСЕ/ОДИХР Џилиан Стирк

Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Џилиан Стирк, шеф на Мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР).

На средбата, претседателот Пендаровски, како што информира неговиот Кабинет, беше запознаен со планираните активности на Мисијата составена од 12 меѓународни експерти, 20 долгорочни, како и 300 краткорочни набљудувачи кои ќе пристигнат во државата еден ден пред гласањето.

Претседателот Пендаровски изрази очекување дека државата ќе организира фер и демократски изборен процес, со високи стандарди, во согласност со очекувањата од земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија. мч/аа/

фото: Кабинет на претседателот Пендаровски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан