• вторник, 21 мај 2024

Претрес во Драчево, пронајдени пушка и патрони

Претрес во Драчево, пронајдени пушка и патрони

Скопје, 8 јануари 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија, го лишиле од слобода З.М.(46) од Драчево, Скопје.

Како што соопштија од МВР, по претходни сознанија и добиена наредба од Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени една ловна пушка и 44 ловни патрони.

Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.бт/аа.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан