• сабота, 21 декември 2024

Тешко повреден работник при извршување градежни работи на објект во Карпош

Тешко повреден работник при извршување градежни работи на објект во Карпош

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, вчера во 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.И.(38) од с.Свиларе, Скопско.

Како што соопшти МВР, според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Карпош во Скопје.

Увид бил извршен, наведуваат од МВР. вг/аа/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан