• понеделник, 23 декември 2024

Тело на машко лице извадено од водите на Вардар на подрачјето на Центар во Скопје

Тело на машко лице извадено од водите на Вардар на подрачјето на Центар во Скопје

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Тело на машко лице синоќа било извадено од водите на Вардар во Скопје кај Центар, соопшти МВР.

Случајот бил пријавен синќа околу 19.50 часот во СВР Скопје дека во реката Вардар, на подрачјето на Центар, било забележано тело на машко лице.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го извадиле телото од реката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје, наведуваат од МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција. вг/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан