• недела, 19 мај 2024

Преговорите меѓу Манчестер јунајтед и Борусија околу Санчо се во одлучувачка фаза

Преговорите меѓу Манчестер јунајтед и Борусија околу Санчо се во одлучувачка фаза

Манчестер, 3 јануари 2024 (МИА) - Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо е блиску до враќање во Дортмунд.

Според авторитетниот инсајдер Фабрицио Романо, преговорите меѓу клубовите веќе се дојдени до одлучувачка фаза. Санчо сака да се пресели во Дортмунд, а Борусија е решена да го финализира договорот што е можно поскоро. 

Манчестер јунајтед е подготвен да го позајми 23-годишниот фудбалер. Но, англискиот клуб ќе мора да продолжи да плаќа дел од платата на Санчо. Истовремено, Борусија ќе мора да му плати обештетување на Манчестер јунајтед за позајмицата на играчот.

Во текот на сезоната Санчо имаше несогласувања со тренерот на англискиот тим Ерик тен Хаг. Играчот од средниот ред нема играно официјални натпревари од 26 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан