• вторник, 14 мај 2024

Превентивна кампања на СВР - Охрид наменета за учесниците во сообраќајот

Превентивна кампања на СВР - Охрид наменета за учесниците во сообраќајот

Охрид, 9 февруари 2024 (МИА) – Секторот за внатрешни работи - Охрид преку отсекот за превенција в недела ќе ја отпочне новата превентивна сообраќајна кампања „Советуваме, не казнуваме“, со цел зголемување на степенот на безбедносната култура и совеста кај сите учесници во сообраќајот, пред се кај возачите на патнички и други моторни возила.

Кампањата што ќе се спроведе во соработка со полициски службеници од полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, предвидува поставување на сообраќајни пунктови на сообраќајниците во и надвор од населените места,  каде низ непосреден контакт со возачите, ќе им се укаже на прекршокот што го направиле при што, ќе нема изрекување на казна туку, низ кратки совети, на возачите ќе им се укаже на потребата од внимателно и совесно управување со возилата, придржување до сообраќајните правила и прописи и поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. 
На возачите ќе им бидат поделени едукативни флаери со кратки совети за одговорно возење и учество во сообраќајот.

Од советодавните превентивни мерки во оваа кампања, ќе бидат исклучени оние возачи кои, ќе се затекнат како управуваат моторни возила под дејство на алкохол или наркотици. Тие веднаш ќе бидат исклучени од сообраќај, ќе им се одземат возачките документи и ќе им бидат поднесени соодветни платни налози.

СВР - Охрид преку отсекот за превенција, самостојно но и во соработка со РСБСП, има реализирано стотина превентивно едукативни кампањи за побезбеден сообраќај насочени кон потребата од користење зимска опрема, некористење мобилни телефони при возење, советсно паркирање, користење заштитен појас, безбедно управувањ е со трактор, а посебни едукативни програми се реализирани за најмладите учесници во сообраќајот. аб/aa/

фото/МИА

 

Остани поврзан