• среда, 17 јули 2024

Статуетката ,,Најгласни" доделена на ученичката заедница од СОУ ,,М.М.Брицо" Делчево

Статуетката ,,Најгласни

Делчево, 14 мај 2024 (МИА) -  Ученичката заедница на Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо” Делчево денеска ја прими статуетката за „Најгласна" ученичка заедница за 2023/2024 година.  Наградата им ја доделија претставници на организацијата LEAD (Leaders for Education Activism and Development) кои со ученичката заедница разговараа за идеи за подобрување на ученичкото учество во учебната 2024/2025 година.  

-Ученичката заедница од Делчево е позитивен пример за вклучување на учениците во раководење на училиштето но и во претставување на ученичкиот глас, истакнаа од LEAD по повод денешниот настан. 

Од делчевската гимназија се заблагдоарија за наградата која за смиот тим ќе претставува уште поголем мотив за подигање на гласот на средношколците  со цел остварување на нивните права и реализирање на иницијативи со поддршка на локалната заедница.

,,Најгласни" е годишна награда за средношколско учество која се доделува на Ученичка заедница која придонела најмногу за ученичкото учество во своето училиште.   Наградата ја доделува LEAD во соработка со Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje, а е поддржана од Сојуз на средношколци. вс/дма/

 

Фото: СОУ ,,М.М.Брицо" Делчево

Остани поврзан