• сабота, 18 мај 2024

Прва меѓународна ЦЕФЕ конференција за претприемништво во Скопје

Прва меѓународна ЦЕФЕ конференција за претприемништво во Скопје
Скопје, 25 август 2022 (МИА) – Претприемништвото има потреба од нови вештини со цел полесно соочување со најновите предизвици, а соработката меѓу претприемачите од различни држави е клучна за развој, порачаа учесниците на првата глобална ЦЕФЕ конференција за претприемништо, што се одржа денеска во Скопје, со учесници од Гераманија, Словенија, Венецуела, Филипини, Турција и од државава. Организатор е Здружението ЦЕФЕ Македонија, кое, како што беше речено, работи на ширење на претприемачката култура, преку  ЦЕФЕ методологијата со пристап ориентиран кон акција и едноставни методи на учење со цел да се развијат и зајакнат менаџерските и личните вештини на претпримачите. Учесниците зборуваа за значењето на претприемништвото, како се учи, што е социјално претприемништво, како и за можностите кои ги нуди Еразмус+ програмата во Северна Македонија, а кои овозможуваат соработка со луѓето од целиот свет. Претседателот на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски, порача дека соработката на претприемачите од земјава со тие од другите земји е клучно за постојан развој. -Соработката е една од најважните вредности на органзацијата, а тоа е вмрежувањето и интернационалното вмрежување, ние го делиме односно споделуваме нашето искуство со колегите од светот. За некој проблем можеме да го консултираме светот, како се решило таму, што можеме тука да подобриме, што значи ја немаме само македонската, туку и перспективата на светот. За некои проблеми за кои сме мислеле дека сме заглавени всушност имало едноставно решение, потенцира Сталевски. Информира дека центрите на ЦЕФЕ се во Азија, Африка, јужна Америка, централна Америка и Европа. Зоран Витанов кој е ко-основач на ЦЕФЕ, ја потенцира важноста на ЦЕФЕ обуките за сите кои сакаат да ги остварат своите визии и да водат успешно претприемништво. -Претприемачите се луѓе кои креираат нова вредност, се што се случува на пазарот го гледаат како шанса, а другите кои се огромно мнозинство се луѓе што се околу себе гледаат како на закана, порача тој. Директорот на ЦЕФЕ во Германија, Марлинде Баренз оцени дека постојат многу комплексни предизвици и оти е потребно постојано усовршување и стекнување нови вештини.   Со дводневната конференција  воедно се одбележуваат 25 години од постоењето на ЦЕФЕ методологијата за креирање претприемачи во државава и регионот.свс/лв/

Остани поврзан