• сабота, 15 јуни 2024

Почна асфалтирање на улици во кумановското село Доброшане

Почна асфалтирање на улици во кумановското село Доброшане

Куманово, 5 јануари 2024 (МИА) - Почна асфалтирањето на улици во кумановското село Доброшане, соопштија денеска надлежните. Градежна компанија избрана на тендер започна со асфалтирање на улицата „Студена вода“, „Белановска“, а наскоро ќе почне и реализација на улицата „Козјачка“ во ова населено место.

- Започнуваме со градба на инфраструктура во 2024 година. Во тек е асфалтирање на дел од улиците „Белановска“ и „Студена Вода“ во село Доброшане, информираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Асфалтирањето на улицата „Студена вода“ се реализира како како дел од планот за одржување на јавните патишта во Општина Куманово за 2023 година, за која од општинскиот буџет одвоени се 1.954.717 денари. За улицата „Белановска“ одвоени се 25 милиони денари. Наскоро, се очекува да почне со градежни активности и на „Козјачка“, за која се предвидени над четири милиони денари.

Во Доброшане ќе се гради и спортско игралиште, проектот е веќе подготвен и одобрени се 15 милиони денари во буџетот за 2024-та, како и во развојната програма. ам/цр


Фото: Општина Куманово

 

Остани поврзан