• сабота, 15 јуни 2024

Груминг и правилно третирање на крзното - настан на Асоцијацијата на домашни миленици

Груминг и правилно третирање на крзното - настан на Асоцијацијата на домашни миленици

Скопје, 15 јуни 2024 (МИА) - Во организација на Асоцијацијата на стилисти на домашни миленици на Македонија денеска во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици. 

Организаторите нагласуваат дека настанот нема натпреварувачки карактер и оти целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

Најавено е учество на 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик - модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето - стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери. 

Покрај домашните грумери, најавен е и меѓународен тим од четворица грумери од Српската асоцијација на грумери кои имаат освоени титули на балкански првенства. Ќе присуствува и професор специјализиран за благосостојба на миленици во Копенхаген, како и еден стилист за птици кој ќе врши демонтрација на кратење на клун. 

Ќе учествуваат 16 кучиња од 11 различни раси и мешанци. 

Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници.... Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици. бак/лв/

Фото: Плакат

 

 

Остани поврзан