• четврток, 21 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 19 октомври 2024 (МИА) - Во Полициското одделение Петровец денеска во 02.31 часот  било пријавено дека во село Катланово, скопско на место викано  „Фазанерија“ била опожарена викенд куќа. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

МВР соопшти дека нема повредени лица. Извршен бил увид од увидна екипа од ПО Петровец.

На 18.10.2024 година, во 14.30 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје било пријавено дека кај нив во Ургентниот центар, додека била во просторија за преглед, починала М.С.(43) од село Љуботен, скопско. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.

На 18.10.2024 година во 05.40 часот во  СВР Скопје, З.Т.(62) од Скопје пријавил дека во периодот од 02.00 до 03.00 часот во неговиот угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров бил опожарен дел од инвентарот и конструкцијата од објектот. За настанот бил известен Јавен обвинител. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

На 18.10.2024 година во 09.30 часот во СВР Скопје, Д.Б.(33) од Скопје пријавил дека во 09.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице кое му упатувало и закани по живот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.10.2024 година во 10.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица, вработени во основно училиште на подрачјето на општина Сарај, по претходна расправија  го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу себе. Нарушувањето е расчистено и против А.М.(37) од село Сарај, скопско и В.К. (28) од село Рашче, скопско, ќе следуваат соодветени поднесоци.

На 18.10.2024 година во 16.00 часот во СВР Скопје, Ѓ.Н.(57) од Скопје пријавил дека околу 15.25 часот на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како возач на автобус на ЈСП Скопје, во кабината од автобусот бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.10.2024 година во 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Т.(36) и Н.Т.(33) од село Драслајца, струшко, од една страна и Е.Ч.(37) и А.Б.(41) двајцата од село Љубин , скопско, од друга страна. Нарушувањето е расчистено и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветени поднесоци.

На 18.10.2024 година во 11.00 часот во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.М.(17) кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 18.10.2024 година во 12.55 часот во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека нивниот штитеник Р.Џ.М. (17) за кого што на 09.10.2024 беше пријавено дека се оддалечил од истата, се вратил во Установата.

На 18.10.2024 година во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека полициски службеници од Полициската станица Центар го пронашле Ш.М.(15) од Скопје, за кого на 14.10.2024 во Полициското одделение Шуто Оризари беше пријавено дека се оддалечил од својот дом. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан