Поради дефект во шахта без вода корисниците на ул. „Фуштанска“ и дел од ул. „Јужноморавски Бригади“
- Од ЈП Водовод и канализација - Скопје денеска информираа дека поради дефект во шахта на ул. „Фуштанска“ 64 , општина Гази Баба, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и дел од ул. „Јужноморавски Бригади“.

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - Од ЈП Водовод и канализација - Скопје денеска информираа дека поради дефект во шахта на ул. „Фуштанска“ 64 , општина Гази Баба, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и дел од ул. „Јужноморавски Бригади“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:10 часот до завршување со санација на дефектот. цр/
Фото: МИА архива