• петок, 05 декември 2025
МИА најави МКД

26 јули 2025

 

Истанбул - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски учествува на првиот состанок на Балканската платформа за мир.

Штип - Министерот за здравство, Азир Алиу ќе оствари работна средба со раководството и медицинскиот персонал на ЈЗУ Клиничка болница - Штип, во рамки на иницијативата „Мобилен кабинет“.

- Средби со граѓани. (12:00-14:00)

Скопје - Церемонија по повод одбележување на 62-годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.

-Полагање свежо цвеќе пред Споменикот на загинатите во земјотресот. (Градски гробишта Бутел/10:00)

- Отворање на изложбата „Скопје за време на земјотресот и потоа“ (Музеј на град Скопје/20:00)

Берово -  Здружението за еко животна средина - зелен раст и одржлив развој ЕКО ЗЕЛЕНО ДВИЖЕЊЕ Берово и Центарот за климатски промени Гевгелија ќе одржат едукативен јавен настан за превенција од шумски пожари со наслов „Оганот не простува, а шумата е живот“.(Плоштад/18:30)

Кочани - Шеснаесетти Марш на Ангелите – марш на болката и борбата за правда. (18:05)

Битола - Свечено отворање на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. (Офицерски дом, плато/20:30)

Скопје - Официјалната церемонија на затворање на ЕМОФ 2025, на којашто официјално обраќање ќе има претседателот на Организациониот комитет на ЕМОФ 2025,  Даниел Димевски, Претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос и градоначалничката на градот домаќин на летниот ЕМОФ 2027 - Лињано Сабјадоро Лаура Џорџи. (Паркинг пред СЦ „Јане Сандански“/20:30)

Скопје - Промоција на уметничката книга и отворање на самостојна изложба „Пловидба“ на Александра Ацеска. (Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности, Парк на Франкофонија/18:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан