Поради дефект без вода корисиците од дел од „Борис Трајковски“ и „Србија“
- Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1на ул. „Борис Трајковски“ 1/16 прекинато водоснабдување ќе останат корисниците на краците 1,3 и 5 од оваа улица, како и дел од булеварот „Србија“ на потегот од подвозникот до ул. „Борис Трајковски“.
Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1на ул. „Борис Трајковски“ 1/16 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од краците 1,3 и 5 од оваа улица, како и дел од булеварот „Србија“ на потегот од подвозникот до ул. „Борис Трајковски“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:30 часот до завршување на санацијата на дефектот. сст/дма/