Во Собранието ќе биде доделена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“
- Во Кристалната сала во Собранието денеска ќе биде врачена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија.

Скопје, 21 декември 2024 (МИА) - Во Кристалната сала во Собранието денеска ќе биде врачена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија.
Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ државната награда за остварување во областа на публицистиката ќе им ја додели на Иван Антоновски и Делвина Крлуку, а за остварување во областа на новинарството на Атанас Костовски и Љупчо Јолевски. вј/бак/
Фото: МИА архива