• петок, 19 април 2024

Полски навивач ќе пешачи 100 километри поради гол кој го постигна голман

Полски навивач ќе пешачи 100 километри поради гол кој го постигна голман

 

Варшава, 3 април 2024 (МИА) – Фудбалски навивач од Полска ќе мора да испешачи 100 километри во рок од три денови за да го исполни ветувањето дека пеш ќе стигне до стадионот на екипата чиј голман прв ќе постигне гол оваа сезона во полската Екстракласа.

„Ако некој голман постигне гол до крајот на сезоната, лично ќе пешачам до стадионот на неговиот тим“, напиша во февруари годинава на социјалната мрежа Икс навивачот чие име е Јанек.

Само неколку недели подоцна, „желбата“ на Јанек се исполни кога чуварот на полскиот фудбалски прволигаш Радомјак, Габриел Кобилак, во понеделникот го совлада својот колега на спротивната страна Оливер Зих на првенствениот дуел против Пушча Ниеполомице.

Добрата вест за Јанек е што стадионот на Радомјак во Радом е на само околу сто километри од Сандомиерж, каде што живее навивачот.

„Ќе пешачам три дена по осум часа. Веќе направив план каде ќе одморам. Дури најдов и придружник за ова патување. Целта ми е да стигнам навреме на стадионот за дуелот на Радомјак против Заглебје“, најави полскиот навивач. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан