• четврток, 21 ноември 2024

Полската опозиција бара премиерот Туск да поднесе оставка доколку Трамп победи во САД

Полската опозиција бара премиерот Туск да поднесе оставка доколку Трамп победи во САД

Варшава, 4 ноември 2024 (МИА) - Полската опозиција побара премиерот Доналд Туск и неговата проевропска влада да поднесат оставка доколку републиканскиот кандидат Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД на 5 ноември, бидејќи само со таа земја Полска може да изгради ефикасна одбранбена земја, а според мислењето на опозицијата не е сигурно дека Трамп би сакал да соработува со актуелната полска влада.

-Доколку Трамп победи, полските власти ќе се најдат во многу лоша позиција бидејќи се во спор со Трамп, со кој многу добро соработуваше претходната влада на партијата Право и Правда, рече шефот на пратеничката група на опозициските конзервативци, Маријуш Блашчак.

Тој, како најблизок соработник на лидерот на Право и Правда Јарослав Качињски, синоќа за приватна телевизија рече дека победата на Трамп е во интерес на Полска бидејќи кога станува збор за одбраната, Германија не е во состојба да ја заштити.

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски изјави дека тоа не е точно.

-Не ја повторуваме грешката на Право и Правда, која ги стави сите „жетони“ на Доналд Трамп. Бев многу внимателен да се сретнам со луѓето на Трамп. И Право и Правда повторно играше само на картата на Трамп. Бев изненаден што Блашчак верува дека Владата во Полска не зависи од гласовите на полските гласачи, туку од некои странски одлуки, изјави Шикорски.

Полскиот премиер Туск викендов објави коментар на „Х“ дека судбината на Европа не зависи од исходот на американските избори.

-Некои тврдат дека иднината на Европа зависи од исходот на американските избори, но тоа првенствено зависи од нас. Каков и да е исходот, ерата на геополитички аутсорсинг е завршена, рече тој.

Министерот Шикорски рече дека претставниците на полската опозиција мора да разберат дека времето кога Европа се потпираше на САД за воена заштита на стариот континент заврши.

-Без разлика кој ќе победи, вниманието и капацитетите на САД се префрлаат на Пацификот, на нивното ривалство со Кина. Според сопствената доктрина, САД не се способни да водат две војни во исто време, и затоа ние како Европа имаме обврска кон нашето население да почнеме да пристапуваме кон безбедноста и сериозно да се браниме, рече Шикорски. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан