• среда, 17 април 2024

Повеќе од 70 убиени во напад на израелската војска врз лица кои чекале храна во Газа

Повеќе од 70 убиени во напад на израелската војска врз лица кои чекале храна во Газа

Газа, 29 февруари 2024 (МИА) - Здравствените власти во Газа денеска соопштија дека во напад на израелската армија врз луѓе кои чекале хуманитарна помош во близина на градот Газа загинале повеќе од 70 луѓе, а 280 биле ранети, а болницата соопшти дека примила 10 тела и десетици ранети Палестинци.

Портпаролот на израелската армија изјави дека нема сознанија за гранатирање на локацијата.

Портпаролот на министерот за здравство на Газа, Ашраф ал-Кидра, изјави дека нападот се случил на кружниот тек Ал-Набуси западно од градот Газа во северниот дел на енклавата.

-Медицинските тимови не можат да се справат со обемот и сериозноста на повредите на десетиците ранети луѓе кои беа донесени во болницата Ал-Шифа, рече ал-Кидра.

Директорот на болницата Камал Адван во градот Газа, Хусам Абу Сафијеха, изјави дека болницата примила тела на 10 загинати и десетици ранети во инцидентот западно од градот.

-Не знаеме колку се во други болници, изјави Сафијах.

Палестинците во Газа во последниве денови изјавија дека се принудени да јадат лисја и сточна храна, па дури и да колат говеда за храна.

Во соопштението Хамас предупреди дека инцидентот може да доведе до неуспех на преговорите насочени кон договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Во нападите врз Појасот Газа од 7 октомври, израелската армија убила 30.035 луѓе, а ранила 70.457, покажуваат најновите податоци на палестинското Министерство за здравство. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан