• сабота, 04 мај 2024

Повеќе од 500 жртви во налетот на циклонот Фреди во јужна Африка

Повеќе од 500 жртви во налетот на циклонот Фреди во јужна Африка

Лилонгве, 20 март 2023 (МИА) - Циклонот Фреди усмрти повеќе од 500 луѓе во Малави, Мозамбик и Мадагаскар откако минатиот месец го зафати копното, што ја прави една од најсмртоносните бури што го погодиле африканскиот континент во последните 20 години.

Циклонот трае повеќе од еден месец и можеби е најдолготрајната бура досега, а собори и рекорди по интензитет. Циклонот Идаи уби повеќе од 1.000 жители на Мозамбик, Зимбабве и Малави во 2019 година, што го прави најсмртоносниот циклон што ја погодил Африка од 2000 година.

Тропската бура Динео го погоди Мозамбик во 2017 година и предизвика големи поплави во Зимбабве, при што загинаа околу 250 луѓе, а речиси 2.000 останаа без покрив над главата. рп/

Остани поврзан