• понеделник, 30 декември 2024

Повеќе од 350 палестински фудбалери загинаа во конфликтот со Израел

Повеќе од 350 палестински фудбалери загинаа во конфликтот со Израел

 

Мадрид, 10 декември 2024 (МИА) – Најмалку 353 палестински фудбалери, меѓу 91 деца, загинаа во вооружениот конфликт со Израел, изјави денеска потпретседателот на палестинската фудбалска федерација и член на извршниот комитет на Азиската фудбалска конфедерација Сезен Шалаби во интервју за шпанскиот весник „Марка“.

„Целата спортска инфраструктура е целосно уништена или сериозно оштетена. Загубивме најмалку 353 фудбалери, од кои 91 деца. Сè уште не ја знаеме судбината на многу исчезнати“, рече Шалаби, истакнувајќи дека е невозможно да се дадат точни бројки за ова прашање.

Таа ја обвини Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за неактивност во оваа ситуација и откри дека израелската армија користела некои стадиони како „концентрациони логори“ каде Палестинците биле „држани на сила“, а некои биле „мачени“.

„Неколку терени се дури и претворени во гробишта поради недостаток на простор за погребување на жртвите“, рече Шалаби, додавајќи дека има докази во форма на фотографии. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан