Перез: Конечно го постигнавме она за што се боревме долго време
- Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез даде поддршка на одржувањето на Светското клупско првенство во проширен формат.

Мадрид, 19 јуни 2025 (МИА) - Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез даде поддршка на одржувањето на Светското клупско првенство во проширен формат.
- Сакам да им се заблагодарам на ФИФА и ДАЗН за можноста што им ја даваат на сите навивачи за да можат најдобрите клубови во светот да учествуваат на едно големо натпреварување како ова. Првото Светско клупско првенство, за кое сум сигурен дека ќе биде успешно. Сите доаѓаме со таков ентузијазам.
Конечно го постигнавме она за што се бориме долго време. Фудбалот е најглобален спорт во светот, а благодарение на технологијата можеме да учествуваме на ова натпреварување, плус тоа е бесплатно за гледање на ТВ. Тоа значи дека децата од целиот свет можат да ги гледаат натпреварите на Реал Мадрид. Фудбалот ќе се промени благодарение на комбинацијата на големи клубови и технологија. Бев еден од оние кои најмногу се бореа за да го остварат тоа, изјави Перез за „DAZN“.
Светското клупско првенство се одржува во САД од 14 јуни до 13 јули.
За прв пат на турнирот учествуваат 32 екипи од шест конфедерации. зс/
Фото: ЕПА