• понеделник, 23 декември 2024

Петровска: Веќе се разговара со која од земјите членки на Алијансата ќе развиеме подетална билатерална соработка за прашањето со хибридните закани

Петровска: Веќе се разговара со која од земјите членки на Алијансата ќе развиеме подетална билатерална соработка за прашањето со хибридните закани

Скопје, 10 март 2023 (МИА) - Претставник на НАТО Алијансата дојде за да ја скенира ситуацијата и состојбата со капацитетите на институциите кои се вклучени во борбата против хибридните закани. Веќе се разговара со која од земјите членки на Алијансата ќе развиеме подетална билатерална соработка за адресирање на ова прашање.

Ова го изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на армискиот полигон „Криволак“ со амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер. 

- Пред неколку дена имавме средба со претставник на НАТО Алијансата кој дојде тука за да ја скенира ситуацијата и состојбата со капацитетите на институциите кои се вклучени во оваа борба и како што и во мојата прва изјава наменета за оваа вежба кажав дека сојузниците се тука да си даваат поддршка и да си помагаат меѓу себе, веќе се разговара и со која од земјите членки на Алијансата ќе развиеме подетална билатерална соработка токму за адресирање на ова прашање, изјави Петровска.

Петровска посочи дека институциите, вклучително и Министерството за одбрана, ги преземаат сите активности за решавање на проблемот. 

- Знам дека интересот на јавноста е навистина голем  и тоа е оправдано, меѓутоа верувајте дека институциите, вклучително и МО иако не е директно надлежно, преземаме се за да можеме да излеземе во пресрет за брзо разрешување на овој проблем, изјави министерката Петровска. аа/вг/

Фото: МИА

 

 

 

 

 

Остани поврзан