• петок, 05 декември 2025

При претрес во Кичево пронајдена дрога, приведени две лица 

При претрес во Кичево пронајдена дрога, приведени две лица 

Скопје, 18 јули 2025 (МИА) - Полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево вчера попладне ги лишиле од слобода Е.П.(30) и А.П.(60) од Кичево.

Како што информира МВР, при претрес во нивниот дом, извршен по наредба од Основен суд Кичево, во куќата биле пронајдени и одземени една ќесичка со бела прашкаста  материја и вага. Додека, во шахта пред домот биле пронајдени и одземени 51 помали пакувања со прашкаста материја и две поголеми најлонски пакувања со бела грутчеста материја.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан