• четврток, 04 јули 2024

Песков: Русија го поздравува интересот на Турција за БРИКС

Песков: Русија го поздравува интересот на Турција за БРИКС

Москва, 4 јуни 2024 (МИА) - Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија го поздравува интересот на Турција за БРИКС.

-Се разбира, го поздравуваме овој зголемен интерес за БРИКС од страна на нашите соседни земји, вклучително и нашите важни партнери како Турција. Се разбира, оваа тема ќе биде на агендата на самитот на БРИКС, рече Песков одговарајќи на новинарски прашања, пренесуваат руските медиуми.

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, изјави претходно денеска дека Турција сака да стане членка на БРИКС.

Тој додаде дека со нетрпение очекува да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на БРИКС, што ќе се одржи следната недела во Русија, како дел од подготовките за октомврискиот самит во Казан.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан