• сабота, 22 февруари 2025

Руската ПВО уништила два украински дрона над Ростов и Воронеж

Руската ПВО уништила два украински дрона над Ростов и Воронеж

Москва, 22 февруари 2025 (МИА) – Руските системи за противвоздушна одбрана синоќа пресретнале и уништиле два украински дрона над регионите Ростов и Воронеж, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Според гувернерот на областа Воронеж, Александар Гушев, нема жртви или материјална штета во регионот по уништувањето на украинските беспилотни летала.

- Во оваа област не е прогласена општа опасност од напади на украински дронови бидејќи е оценето дека нема непосредна закана, напиша Гушев на Телеграм. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан