• понеделник, 24 јуни 2024

Пендаровски - Мичел: Продолжува поддршката на НДИ за демократизација на земјата

Пендаровски - Мичел: Продолжува поддршката на НДИ за демократизација на земјата

Скопје, 4 ноември 2021 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими амбасадорот Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт (НДИ)регионалниот директор за Европа, Роберт Бенџамин и регионалниот директор на НДИ за Азија, Манприт Анандкако и претставници на институтот од Северна Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, на средбата, соговорниците разговараа за севкупните активности на НДИ во Република Северна Македонија во насока на поддршка на демократските процеси во државата, промоцијата на младинското лидерство, поддршка на невладиниот сектор, на изборниот процес, како и поддршка на маргинализирани групи.

-Претседателот Пендаровски се заблагодари за соработката и поддршката од НДИ за Претседателскиот центар за политичко образование и реализацијата на првата Школа за политики, како централна активност на центарот, која во себе обединува учесници со различно потекло и професионално минато и е насочена кон промоција на демократските вредности. Претседателот Пендаровски изрази очекување за продолжување на успешната соработка, се наведува во соопштението.

На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните состојби во земјата и регионот, состојбата со ЕУ интеграциите, како и соработката на државата со САД, стои во соопштението. вг/са/

Остани поврзан