• петок, 22 ноември 2024

Меџити ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање

Меџити ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) - Новименуваниот министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја презеде функцијата од досегашната министерка Каја Шукова.

Шукова го информираше Меџити за тековните процеси и актуелните предизвици во животнтата средина и му посака успех во извршувањето на функцијата.

Министерот Меџити најави дека во иднина Министерството за животна средина и просторно планирање ќе предлага и спроведува политики за подобрување на животната средина и на квалитетот на животот на граѓаните како апсолутен приоритет и дека во овој предизвик Владата ќе биде заедно со граѓаните и граѓанскиот сектор за секоја иницијатива која за цел го има општото добро. мч/дма/

фото: Министерство за животна средина и просторно планирање

Остани поврзан