• петок, 22 ноември 2024

Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата министер за финансии, се обврза на посветена и чесна работа

Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата министер за финансии, се обврза на посветена и чесна работа

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) - Гордана Кочоска Димитриеска изутрината ја презеде функцијата министер за финансии од досегашниот министер Фатмир Бесими.

Ја презедов оваа функција од мојот претходник, поранешниот министер Фатмир Бесими, обврзувајќи се на посветена и чесна работа за време на извршувањето на функцијата, напиша министерката Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил.

Бесими кој со ресорот раководеше од септември 2020 година ја запознал новата министерка со тековните активности и проекти на кои се работи во Министерството за финансии. При тоа било посочено дека Министерството има значајна улога и оти е најважно да се спроведат реформи коишто ќе обезбедат одржливост во финансиите и економски раст.

Димитриеска-Кочоска е дел од Владата на премиерот Христијан Мицкоски, која беше изгласана вчера во Собранието.

Родена е на 6 јуни 1983 година во Тетово. Дипломирала на Економскиот факултет Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде била студент на генерација 2020-2006 со просек 9,55, по што на Економскиот институт Скопје магистрирала економски науки од областа на финансискиот менаџмент. Има специјализација и последипломско неформално дообразување во областа на финансии и контролинг: едногодишна Контролинг академија, спроведена од Менаџмент центар Белград, и едногодишна програма за сертифициран сметководствен аналитичар, спроведена од АБИТ Академија, Скопје.

Од странски јазици знае англиски одлично и шпански добро, а од компјутерски вештини Microsoft.

Покрај ангажман како дополнителен заменик министер за финансии во техничката Влада во 2020 година, од 2018 до 2020 и од 2020 до 2024 година работела како финансиски консултант во област на контролинг, финансии и даноци во КФК ДООЕЛ.  Од 2014 до 2017 година е член на УО и директор за финансии во АД Електрани на Македонија,  а претходно седум години работела во Секторот за корпоративно банкарство во Стопанска банка АД Скопје и една година во Министерството за финансии, Кабинет на министер во Сектор за јавен долг и Одделение за единици на локална самоуправа. лв/дма/

фото: Министерство за финансии 

 

Остани поврзан