• сабота, 18 мај 2024

Парламентарниот институт на Собранието домаќин на шестата конференција на Меѓународниот форум на центрите на посетители на парламентите

Парламентарниот институт на Собранието домаќин на шестата конференција на Меѓународниот форум на центрите на посетители на парламентите

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - Над 40 учесници од 19 национални парламенти од светот учествуваат на шестиот по ред Меѓународен форум на центрите на посетители на парламентите, што од 26 до 29 септември 2023 година се одржува во Собранието на Република Северна Македонија, во Скопје.

Меѓународниот форум на центрите на посетители на парламентите ги обединува напорите за проактивно дејствување на парламентите во демократиите за политичка едукација на младите, транспарентноста и отвореноста на парламентите, носењето на законите, историското значење на парламентите и дијалогот помеѓу граѓаните и нивните пратеници.

На тридневната конференција, соопшти денеска собраниската прес-служба, ќе се разговара за пристапот на парламентите кон граѓаните во трендови на дигитализација, алатки и програми за информирање, дигитална евалуација на програмите и надградување на пристапите, како и за важноста на неформалното образование во информирање на граѓаните за нивните демократски институции.

Парламентарниот институт во 2022 година услужи 8.422 македонски граѓани преку едукативни програми: „Детски парламент“, „Имам став“, „Студентски дебати“ и обиколки низ Собранието со пренесување знаење за законодавниот процес и улогата на Собранието во системот на државната власт.

На конференцијата, како што е најавнео, ќе биде претставена програмата за средношколци „Имам став”, наменета да стимулира аргументирана дебата и јавен настап заедно со симулација на законодавната постапка. цр/са/

Фото: Собрание на РСМ

Остани поврзан