Османи на средби со граѓаните во Желино и неколку тетовски села
- Кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт Бујар Османи денеска беше на средби со жителите во општина Желино и Тетово, односно во селата: Групчин, Добарце, Палатица, Требош и Стримница, соопшти неговиот Изборен штаб.
Скопје, 12 април 2024 (МИА) - Кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт Бујар Османи денеска беше на средби со жителите во општина Желино и Тетово, односно во селата: Групчин, Добарце, Палатица, Требош и Стримница, соопшти неговиот Изборен штаб.
Претседателскиот кандидат Османи ги искористи средбите со граѓаните за да ја сподели својата визија и заложбите во неговиот Декалог, а посебно фокусирајќи се на планираната политичката агенда и заложбите како следен претседател.
Османи, како што се наведува во соопштението, рекол дека политичките партии не се создаваат и не можат да опстојат без голем политички контекст, голема политичка кауза.
-Ние сме третиот блок, кој има кредибилитет за мандат и за да ја води државата, а водено и да изгради ѕид против национализмот на ВМРО-ДПМНЕ. Нема да има Влада без уставни измени. Затоа, овие избори се вонредни. Затоа, потребна ни е вашата поддршка. Оној што ќе победи на 24 април победува и на 8 мај, истакнал Османи. ев/мд/
ФОТО: Изборен штаб Бујар Османи