Земјотрес почуствуван вечерва во Скопје
- Земјотрес со јачина од два степена според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во Скопје. Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје.

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од два степена според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во Скопје. Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва соопшти дека земјотресот е регистриран во 20 часот и 35 минути и е почувствуван од населението на градот Скопје и околината.
Земјотресот е со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. бак/
Фото: МИА архива