• недела, 12 мај 2024

Османи: На идните генерации не им треба мрачното минато, туку европска иднина

Османи: На идните генерации не им треба мрачното минато, туку европска иднина

Скопје, 4 мај 2024 (МИА) - Кампањата за претседателски и парламентарни избори на Европскиот фронт е најпозитивната и најпрогресивната кампања од сите политички опции во земјава досега. Јасната програма со конкретни развојни проекти, како и конкретниот преглед на европскиот пат на Северна Македонија за полноправно членство во ЕУ до 2030 година, се главните столбови на  коалицијата предводена од ДУИ, вели Бујар Османи од Европскиот Фронт, на денешната отворена дебата на тема “Исклучувачки национализам во мултиетничките држави”.

Тој нагласи дека токму програмата на Коалицијата на Европскиот фронт на 24 април добила плебисцитна поддршка кај Албанците и другите заедници, која ќе се заокружи на 8 мај.

Според Османи, баналната реторика на македонскиот опозициски блок за наводното отфрлање на настаните од 2001 година, не е ништо друго освен залуден обид да се намали вистинската сила на Албанците наредени во неспорниот победнички блок - Европскиот фронт.

-На идните генерации не им треба мрачното минато, туку светлата европска иднина, во постојан сојуз со НАТО и САД, рече Османи и повика еднаш засекогаш да се осуди мрачната и безнадежна путинистичка политика.

Во дебатата учествува со свои излагања и проф. д-р. Арта Билали, проф. д-р. Башким Селмани и Даут Даути, писател и публицист.

Панелистите во своите излагања ги истакнаа негативните ефекти од подгревањето на национализмот и владеењето на нееднаквоста во општеството, односно ја истакнаа потребата за вистинска еднаквост меѓу Албанците, Македонците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и сите други граѓани без разлика на нивната етничка или верска припадност. вг/

Фото: Европски фронт

Остани поврзан