• сабота, 27 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 11 мај 2024 (МИА) - На 10.05.2024 во 19.30 часот во Куманово полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Куманово, ги лишиле од слобода Ф.Т.(29) и М.С.(18) од Куманово, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Како што соопштија од МВР денеска, подоцна, при претрес во домот на Ф.Т., извршен со судска наредба, бил пронајден кокаин и семки од канабис. Ф.Т. и М.С. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

На 10.05.2024 во 11.15 часот во СВР Велес Р.Б., вработен во АД ,,Градско“ од Градско,  пријавил дека во нива во атар на село Виничани, општина Градско, била пронајдена граната.  Известена била Дирекцијата за спасување и заштита и од страна на пиротехничар од Дирекцијата гранатата била безбедно подигната.

На 10.05.2024 во 15.10 часот во Полициско одделение Теарце бил пријавен пожар во куќа сопственост на Х.У. (80) од тетовско Теарце, при што сопственикот се здобил со изгореници и бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Екипа од Територијалната противпожарна единица Тетово го изгаснала пожарот. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

Денеска (11.05.2024)  во 02.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Центар М.Ј.(56) физички го нападнал Т.Џ.(18), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 10.05.2024 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го привеле А.Ќ.(32) од Скопје поради тоа што, откако претходно лажно пријавил настан, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 10.05.2024 во 15.30 часот од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар во Стара чаршија била пронајдена А.П.О.(73) од Р.Турција, која на 09.05.2024 беше пријавена дека се оддалечила од хотел во Скопје, каде престојувала. 

На 10.05.2024 во 09.55 часот во СВР Скопје М.С.(46) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија околу нерасчистени имотно-правни односи, тој заедно со неговата сопруга М.С.(45) биле физички нападнати од Р.М.(51) и неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   цр/

Фото: МИА архива


На 10.05.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје Т.Н.(24) од Крива Паланка пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од О.С.(67), кај која престојувала во нејзиниот дом под кирија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


На 10.05.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение и нарушени семејни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.П.(36) и Б.П.(26) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


На 10.05.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје 19-годишна жена пријавила дека на 09.05.2024 околу 23.00 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер А.С.(21), кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  


Денеска (11.05.2024) во 02.10 часот во Полициската станица Центар Д.И. пријавил на ул.„50-та Дивизија“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 


На 10.05.2024 во 23.18 часот во СВР Скопје В.Л. од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот на Кеј „Димитар Влахов“, во близина на објектот на МАНУ во Скопје едно лице влегло во неговото патничко возило и со закана со оружје му побарало пари. Потоа двајцата со возилото од лицето се упатиле кон банкомат, каде лицето со платежните картички од пријавителот се обидело да извади пари, но не успеало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  


На 10.05.2024 во 12.30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го приведоа П.Ј.(43) од Кичево, кој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од 15 месеци за сторени повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“. П.Ј. е предаден за издржување на затворската казна во Казнено поправната установа „Затвор Идризово“.

 

Остани поврзан