• понеделник, 23 декември 2024

Адеми: Се прави политички дил за да му се одземат два пратенички мандата на Европскиот фронт

Адеми: Се прави политички дил за да му се одземат два пратенички мандата на Европскиот фронт

Скопје, 11 мај 2024 (МИА) – Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ денеска соопшти дека со поднесени приговори до ДИК од други политички партии за нерегуларности на избирачки места во изборните единици 5 и 6 се прави обид да им се одземат два пратенички мандата. 

Шефот на изборниот штаб на Европски фронт, Арбер Адеми на прес-конференција попладнево рече дека „постојат сериозни обиди со политички дил, со политички договор да има изборен инженеринг, да се поткопува демократијата  и слободната волја на граѓаните и на легитимитетот“.

- Другите политички партии врз основа на непринципиелен политички дил и договор и газејќи врз волјата на граѓаните, на оркестриран начин поднеле приговори за избирачки места во Петтата и Шестата изборна единица, иако не е констатирана ниту една неправилност додека траеше изборниот процес и по неговото завршување.  А дека тоа е така се самите потписи на сите членови на избирачките одбори предложени од самите политички партии кои денеска и овие денови поднеле приговори. Целта е јасна – сакаат на Европскиот фронт да му одземат два пратенички мандати иако тие се резултат на чистата волја на граѓаните и на нивното слободно изразување, изјави Адеми.

Аргументи за тоа, рече, се тоа што немало забелешк за неправилности во записниците потпишани од сите членови на одборите додека траел изборниот процес и по неговото завршување. Приговорите се однесуваат само за Парламентарните избори, а не и за Претседателските избори иако, рече, се однесуваат за истите избирачки места. Трет аргумент, посочи Адеми, е тоа што приговорите се однесуваат за тие избирачки места каде што подносителот има повеќе гласови.

- Од авион може да се примети која е тенденцијата за изигрување на волјата на народот, На пример во Желино, во избирачкото место 2101 – за Влен гласале 332 гласачи, за Европски фронт 134. Ова избирачко место  е селото од каде што доаѓа претседателот на Беса, Билал Касами. Со приговорот самите тие го оспоруваат резултатот каде што тие имаат повеќе гласови. Вториот пример е во ИЕ5 каде се оспоруваат избирачки места каде нема гласови за Европскиот фронт, но каде што убедливо повеќе гласови има ВМРО-ДПМНЕ. На пример, во избирачко место 1295 во Охрид ВМРО има 409 гласови, СДСМ има 103, Европскиот фронт 0. Која е целта? Дали  се подготвува трансфер на гласови од една опција во друга опција само Европскиот фронт да има помалку еден мандат во Петтата изборна единица?, рече Адеми.

Апелираше до Државната изборна комисија дека „има одговорноста за секоја нивна одлука“ за заштита на слободното изразување на гласачите и за демократските гласови на граѓаните. За тие, како што рече, „темни сценарија за изборен инженеринг кои се кривично дело“ ја информирале меѓународната заедница односно САД и ЕУ, НАТО, ОБСЕ и ОДИХР. хс/цр

Фото: МИА  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан