• недела, 19 мај 2024

Осимен неизвесен за полуфиналето на Африканскиот куп на нации

Осимен неизвесен за полуфиналето на Африканскиот куп на нации

Бауке, 6 февруари 2024 (МИА) - Напаѓачот на Нигерија, Виктор Осимен би можел да го пропушти полуфиналето на Африканскиот куп на нации против Јужна Африка.

Фудбалерот не можеше да отпатува со тимот во градот Буаке (Брегот на Слоновата Коска), каде што ќе се одржи натпреварот. Прес-службата на нигериската репрезентација извести дека 25-годишниот фудбалер се соочува со здравствени проблеми.

Осимен е под надзор на лекарскиот штаб на репрезентацијата. Доколку состојбата на напаѓачот се подобри, тој во текот на денот ќе се приклучи на националниот тим.

Натпреварот меѓу Нигерија и Јужна Африка ќе се одигра утре со почеток во 18 часот.

Виктор Осимен постигна еден гол и две асистенции на пет натпревари на Африканскиот куп на нации. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан