• недела, 22 декември 2024

Познати двојките во првото квалификациско коло на „Macedonian Open 2024“

Познати двојките во првото квалификациско коло на „Macedonian Open 2024“

Скопје, 19 мај 2024 (МИА) - На терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје денес почнува новото издание на „Macedonian Open 2024“. Според програмата ќе се играат 12 меча од првата рунда од квалификациите, каде и четири македонски тенисери ќе имаат свој настап.

Димитар Грабул во првото коло од квалификациите за ривал го доби хрватскиот тенисер Лука Микрут (502. место АТП), кој е рангиран како 8. носител во квалификациите. 

Шендрит Деари за ривал го има Лука Павловиќ од Франција (515. место АТП – 9. носител во квалификации).

Берг Бугариќ за противник го има 401-иот тенисер на АТП листата и 5. носител во квалификациите Жером Ким од Швајцарија

Амар Хусеиновиќ ќе игра против Константин Битон Козмин од Франција (484. место АТП – 6. носител во квалификации).

Инаку во „главниот ждреб“ прв носител е Чун-Хсин Ценг од Тајпех, кој е рангиран на 248. место на АТП листата, а втор носител е Ерги Киркин од Турција (251. место АТП).

Распоред на натпреварите:
Централен терен:
1 Никола Милојевиќ (Србија) – Џералд Мелцер (Австрија) почеток 10:30 часот
2 Марсело Зорман (Бразил) – Николос Басилашвили (Грузија)
3 Жером Ким (Швајцарија) – Берк Бугариќ (Македонија)
4 Калум Путерџил (Австралија) – Рајан Сигерман (САД) – почеток не пред 15 часот

Терен број 5:
Константин Битон Козмин (Франција) – Амар Хусеиновиќ (Македонија) почеток 10:30 часот
Шендрит Деари (Македонија) – Лука Павловиќ (Франција)
Димитар Грабул (Македонија) – Лука Микрут (Хрватска)

Терен број 6:
Хуан Карлос Прадо Анхело (Боливија) – Сергеј Фомин (Узбекистан) почеток 10:30 часот
Рајан Нибоер (Холандија) – Џорџ Голдхоф (САД)

Терен број 8:
Матеј Додиг (Хрватска) – Реј Хо (Тајпех)
Александер Донски (Бугарија) – Неил Оберлејтнер (Австрија)
Дан Адед (ФРанција) – Џон Никлес (Швајцарија). зс/

Остани поврзан