• петок, 10 мај 2024

Оружен грабеж во банка во Илинден

Оружен грабеж во банка во Илинден

Скопје, 28 февруари 2024 (МИА) - Вооружен крадец денеска ограбил ескпозитура на банка во скопската населба Илинден, информираат од Министерството за внатрешни работи.

- Во 10.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во експозитура на една банка во населбата Илинден, едно лице со закана со огнено оружје, од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Според очевидци, грабежот бил во експозитура на Халк банка, а крадецот со одземените пари избегал во непознат правец.бд/са/

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан