Доделени наградите и признанијата од хуманитарната Фондација „Проф. д-р Љупчо Ајдински“
- СООПШТЕНИЕ: Денес во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје Фондацијата проф. д-р Љупчо Ајдински додели парични награди на студенти и ученици со попреченост и дефектолог од праксата. Парични награди со сертификат добиа ученикот Филип Величковкси, ученик во прва година гимназиско образование во СУГС "Раде Јовчевски-Корчагин" Скопје, дете со телесна попреченост и студент Теодора Ефтимова студент со телесна попреченост на Филозофскиот факултет. Парична награда со сертификат доби Светлана Миоковќ-Томеска најдобар дефектолог практичар за 2023 година.
Скопје, 10 мај 2024
Денес во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје Фондацијата проф. д-р Љупчо Ајдински додели парични награди на студенти и ученици со попреченост и дефектолог од праксата. Парични награди со сертификат добиа ученикот Филип Величковкси, ученик во прва година гимназиско образование во СУГС "Раде Јовчевски-Корчагин" Скопје, дете со телесна попреченост и студент Теодора Ефтимова студент со телесна попреченост на Филозофскиот факултет. Парична награда со сертификат доби Светлана Миоковќ-Томеска најдобар дефектолог практичар за 2023 година.
Признание заедно со сертификат добија основното училиште "Братство Миѓени" Тетово, Меморијалниот центар на холокаустот на евреите од Македонија, проф д-р Наташа Чичевска Јованова Раководител на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет, м-р Горан Петрушев претседател на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори во Република С.Македонија.
Традиционално оваа фондација два пати во годината организира ваков настан и доделува парични награди и признанија последниве 12 години, на денот на раѓањето на професорот Љупчо Ајдински и на 3ти декември, денот на лицата со попреченост.
На 28 април, се навршија 94 години од раѓањето на проф. д-р Љупчо Ајдински. Неговиот роденден го славиме без негово физичко присуство, но неговиот исклучител, племенит дух е со нас.
Фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“ ја продолжува хуманитарната работа на овој голем филантроп, поврзана со грижата, заштитата и третманот на лицата со попреченост во Р. Северна Македонија.
По повод денот на раѓањето на проф. д-р Љупчо Ајдински, во петок на 10.05.2024 година во просториите на Филозофскиот Факултет во Скопје со почеток во 13 часот ќе се доделуваат наградите и признанијата од Хуманитарната Фондација Проф. д-р Љупчо Ајдински:
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
1. Се доделува парична награда од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на ученикот Филип Величковски, ученик во прва година гимназиско образование во СУГС "Раде Јовчевски - Корчагин" Скопје, дете со телесна попреченост, за одличен успех и примерно поведение.
2. Се доделува парична награда во износ од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на студентот Теодора Ефтимова студент на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозовскиот Факултет Скопје, студент со телесна попреченост, за постигнати одлични резултати во текот на 2023 год.
3. Се доделува парична награда од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Светлана Миоковиќ Томеска - Мастер дипломиран дефектолог олигофренолог, Мастер дипломиран дефектолог логопед вработена во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност, Прилеп за најдобар дефектолог - практичар во установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со посебни потреби.
4. Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Основното општинско училиште "Братство - Миѓени" Тетово за најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост во текот на 2023 година.
5. Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, за подобрување на пристапноста и едукација на лицата со попречености.
6. Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Проф. д-р Наташа Чичевска Јованова, раководител на Институт за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот Факултет за успешно раководење со Институтот и постигнати научни резултати и едукација на студентите во областа на дефектологијата.
7. Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на м-р Горан Петрушев, дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор, дипломиран логопед за постигнат посебен успех при воспоставување на нов модел за проценка на деца и млади со попреченост и развојни потешкотии во Р. Северна Македонија, врз основа на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ).
Фондација „Проф. д-р Љупчо Ајдински“
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото: Меморијален центар на Евреите од Македонија