Собранието донесе неколку законски решенија
- Собранието во рамки на денешната 31. седница донесе неколку законски решенија откако за нив претходно била завршена расправата.

Скопје, 22 јануари 2025 (МИА) - Собранието во рамки на денешната 31. седница донесе неколку законски решенија откако за нив претходно била завршена расправата.
Пратениците ги изгласаа Предлог на законот за изменување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство - Прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за комуналните дејности, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција, Предлог на законот за изменување на Законот за градење и Предлог на законот за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, сите по скратена постапка.
Беа изгласани и финансиски планови на неколку институции - Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2024 година со дополнување и пренамена на средства, Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2025 година со пренамена на средства, Предлог на одлуката за давање согласност на Предлогот на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година и Предлог на одлуката за давање на согласност на Предлогот на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година, и двата во второ читање.фф/са/
Фото: МИА архива