• четврток, 26 декември 2024

Охрид ќе ја одбележи 1010-годишината од смртта на Цар Самоил

Охрид ќе ја одбележи 1010-годишината од смртта на Цар Самоил

Охрид, 4 октомври 2024 (МИА) – Општина Охрид за денеска има организирано пригоден настан со кој ќе бидат одбележани 1010 години од смртта на Цар Самоил.

Предвидено е во рамки на настанот точно на пладне да биде изведена драмата „Херувимите на Самоиловата круна“ од македонскиот драматург Зоран Пејковски во изведба на детското –драмско студио „Цвет 75“ од Охрид, под менторство на Драгана Боцеска.

Исто така предвиден е музички настап на учениците од ООУ„Ванчо Николески“ под ментрство на Марија Крцоска и Маријана Крстаноска. 

Настанот ќе го проследат учениците од седмите одделенија од општинските основни училишта, информираат од Општина Охрид.

Предвидено беше настанот да се одржува во Самоиловата тврдина, но временските услови не е поволни така што алтернатива е Големата сала на Општина Охрид. аб/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан