• четврток, 13 февруари 2025

Општина Крива Паланка објави јавен повик за реализација на бесплатен летен одмор на деца од социјален ризик

Општина Крива Паланка објави јавен повик за реализација на бесплатен летен одмор на деца од социјален ризик

Крива Паланка, 7 февруари 2025 (МИА) – Општина Крива Паланка објави јавен повик за здруженија што со финансиска поддршка од општината ќе ја реализираат мерката за бесплатно летување на дечиња од социјален ризик што општината втора година по ред ќе ја спроведе во рамки на прграмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2025 година.

-Право на учество на јавниот повик имаат здруженија на граѓани, фондации, како и други правни субјекти и организации што работат во областа на социјалната, детска и здравствена заштита. Целта на реализација на мерката е намалување на социјалната ранливост и исклученост на децата на возраст од 7 до 14 години од Општина Крива Паланка  во социјален ризик, како и подобрување на културниот и социјалниот живот на децата кои потекнуваат од семејства во социјален ризик  на возраст од 7 до 14 години, информираат од службата за комуникација со јавност на општината.
Според критериумите, заинтересираните апликанти треба да имаат најмалку две години искуство во областа на детска и социјална заштита, да достават конкретно разработен план на активности за реализација на мерката со капацитет за имплементација на истите, и да имаат стварено партнерства и соработки со други институции за спроведување на мерката.

Останатите услови и критериуми, заедно со документите веб-страницата на Општина Крива Паланка www.krivapalanka.gov.mk . Рокот за поднесување пријави е 20 февруари 2025, а документите се доставуваат во архивата на општината .

Предвидениот период за имплементација на мерката е август 2025 година во Охрид.ид/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан