Илинден го честитаа градоначалниците од дебарскиот регион и првиот човек на СМИР, Пајкоски
Дебар, 2 август 2025 (МИА) - По повод Денот на Републиката - Илинден, честитки упатија градоначалниците на Маврово и Ростуше, Дебар и Центар Жупа - Медат Куртовски, Хекуран Дука и Аријан Ибраим, како и претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија - СМИР, Латиф Пајкоски.
- Во мое име и во име на општина Маврово и Ростуше, честитки по повод големиот празник Илинден. Овој ден е симбол на борбата за слобода и независност. Да продолжиме заедно да градиме едно општество за сите, во кое ќе владее слобода, правда и благосостојба. Среќен Илинден! Да ја чуваме слободата и да ги паметиме хероите кои ја испишаа нашата историја, стои во честитката на Куртоски.
Во нивно и во име на советите и администрациите на општина Дебар и општина Центар Жупа, Илинден го честитаа градоначалниците Дука и Ибраим, посакувајќи благосостојба, заедништво, просперитет.
Сојузот на Македонците со исламска религија на сите граѓани на државава и на сите Македонци, им го честита големиот празник, денот, кога се поставени темелите на македонската независност и сувереност.
- Нека овој празник нѐ потсети на нашата борба за слобода и независност и нека ни донесе единство и просперитет. Среќен Илинден, Македонијо, стои во честитката на претседателот на СМИР, Пајкоски. вт/бд/
Фото: МИА