Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
- Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди, откако излетал надвор од коловозот во кавадаречко, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Кавадарци, 3 август 2025 (МИА) - Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди, откако излетал надвор од коловозот во кавадаречко, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Во ОВР-Кавадарци било пријавено дека околу 00:50 часот денеска на регионалниот пат село Мрежичко-Кавадарци, 23-годишен жител на кавадаречко село, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
-Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница - Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Кавадарци, појаснуваат од СВР - Велес.свд/фф/
Фото: МИА Архива