• понеделник, 06 април 2026

ЈП Водовод: Земените примероци од водата за пиење во Скопје ги исполнуваат барањата за безбедност и квалитет

ЈП Водовод: Земените примероци од водата за пиење во Скопје ги исполнуваат барањата за безбедност и квалитет

Скопје, 6 април 2026 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна односно сите примероци земени во рамки на неделната проверка за физичко-хемиска и за микробиолошка анализа  одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, секторот за санитарна контрола  анализирал  примероци од водата за пиење во Скопје земени во периодот од 30 март до 3 април.

Биле испитани 183 примероци за физичко-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во градот Скопје.

-Добиените резултати од испитувањата покажуваат дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Водовод и канализација - Скопје. хс/вг/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан