ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ на Давидовиќ Дака му продале државни објекти кај ШИК Јелак во Тетово за четири пати пониска цена од проценетата вредност
- Изградбата на милионска бетонска џунгла на контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака во Тетово, од која, најверојатно, СДС и ДУИ требаше да лапнат дел од колачот, ја спречи отпорот на ВМРО-ДПМНЕ. На прорускиот бизнисмен Давидовиќ – Дака, кој е на црната листа на САД, на местото на поранешниот гигант ШИК Јелак во Тетово, Заев и Ахмети му договорија да гради две илјади станбени единици, деловни простории и трговски центри, во вредност која надминуваше над 200 милиони евра со измена на ДУП, ден после формирањето на старо новата влада на СДС и ДУИ, се вели во соопштенито од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 6 април 2026
Изградбата на милионска бетонска џунгла на контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака во Тетово, од која, најверојатно, СДС и ДУИ требаше да лапнат дел од колачот, ја спречи отпорот на ВМРО-ДПМНЕ. На прорускиот бизнисмен Давидовиќ – Дака, кој е на црната листа на САД, на местото на поранешниот гигант ШИК Јелак во Тетово, Заев и Ахмети му договорија да гради две илјади станбени единици, деловни простории и трговски центри, во вредност која надминуваше над 200 милиони евра со измена на ДУП, ден после формирањето на старо новата влада на СДС и ДУИ, се вели во соопштенито од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
А, претходно, фирмата на Давидовиќ Дака, „Јелак Градба“ го купува поранешниот индустриски гигант ШИК Јелак, кој СДС и ДУИ овој државен имот му го обезбедиле по багателна цена. Дури за четири пати пониска од тогаш проценета вредност од стечајната постапка.
Па така, објект од 198 метри квадратни на Фондот за здравствено осигурување, кој бил проценет на 122 илјади евра, на Дака бил продаден за само 34 илјади евра, додека друг објект на фондот од 2359 квадрати, проценет на речиси милион и пол евра, продаден за 400 илјади.
Додека пак, објект од 5021 метар квадратен во сопственост на Министерството за финансии, иако бил проценет на над 3 милион евра, Дака станал сопственик само за околу 730 илјади евра.
Сопственост на објект имала и Агенцијата за вработување и тоа во површина од 165 квадрати, за кој наплатила околу 24 илјади евра, иако истиот вредел 100 илјади.
Тоа што вреди да ја потсетиме јавноста е следново. За да не дојде до планираната бетонска џунгла во Тетово одобрена од СДС и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше овој криминален проект на Дака.
Едно е сигурно, ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело во интерес државата на граѓаните, додека СДС и ДУИ работат исклучиво во интерес на бизнисите, тендерите и процентите.
Затоа и се таму каде што се, безидејни, во длабока опозиција и без поддршка од граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: МИА архива