• понеделник, 13 мај 2024

Општина Кисела Вода реконструира три улици во населба Драчево

Општина Кисела Вода реконструира три улици во населба Драчево

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Градоначалникот Ѓорѓиевски денеска присуствуваше на асфалтирањето на улиците „Славчо Стојменски”, „Томе Стефановски” и крак од улицата „Славка Динкова” во населбата Драчево, соопшти Оштина Кисела Вода.

Од соопштението се наведува дека нови три улици, кои зафаќаат околу 1300 квадратни метри, се опфатени со градежен зафат.

- Се наоѓаме во населбата Драчево, каде продолжуваме со започнатиот проект за целосна обнова на патната инфраструктура во општина Кисела Вода. Денеска ги асфалтираме улиците „Славчо Стојменски”, „Томе Стефановски” и крак од улицата „Славка Динкова”. Ова се сообраќајници на кои триесетина години наназад никој претходно не интервенирал, поради што тие имаа видливи оштетувања. Се работи за површина од околу 1300 квадратни метри, кои во своето секојдневие ги користат околу 500 жители. Ветувањето што им го дадов- денес станува стварност и од денес тие имаат подобри услови за живот. Продолжуваме со реконструкција на улиците и во останатите населби и населени места бидејќи нашата цел е јасна од првиот ден-целосна обнова на патната инфраструктура и постигнување на рамномерен регионален развој, истакнал градоначалникот Ѓорѓиевски.

Како што се наведува во соопштението досега во населбата Драчево се асфалтирани улици во должина од околу 14 километри, додека на целата територија на општината во овие две години била обновена преку 44 километри патна инфраструктура. сан/ац/  

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан