• среда, 12 јуни 2024

Општина Илинден и годинава со финансиска поддршка за спортистите

Општина Илинден и годинава со финансиска поддршка за спортистите

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Општина Илинден и годинава објави Јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на општина Илинден. Јавниот повик е наменет за спортисти жители на општина Илинден кои се натпреваруваат на олимписки игри, светско првенство, европско, балканско и национално првенство без оглед на возраста и спортистот во сите категории, во тековната или претходните три години.

Право на поддршка има и спортист жител на општина Илинден кој постигнал спортски резултати натпреварувајќи се во екипни спортови како член на спортски клуб односно национална репрезентација. Јавниот повик содржи повеќе категории, а износот кој го доделува Општината како финансиска поддршка изнесува, за прва категорија во висина до 130.000,00 денари, втора категорија во висина до 120.000,00 денари, трета категорија во висина до 90.000,00 денари, четврта категорија во висина до 60.000,00 денари и хгпетта категорија во висина до 30.000,00 денари

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, информира дека и оваа година продолжува поддршката на спортистите од Општината, а  целта е да се поддржат и наградат спортистите од нашата општина кои оствариле големи успеси во делот на спортот, како и да се стимулираат останатите за постигнување големи победи на спортските натпревари.

Јавниот повик за доделување на еднократна финансиска поддршка за спортисти жители на Општина Илинден  е со времетраење од денот на објавување заклучно со 26.08.2024 година  во кој период можат да се поднесуваат барања.

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk. ад/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан