• понеделник, 20 мај 2024

Општина Битола објави повик за реновирање на 27 куќи чии сопственици се Роми

Општина Битола објави повик за реновирање на 27 куќи чии сопственици се Роми

Битола, 22 септември 2022 (МИА) - Општина Битола објави повик со цел да се реновираат домаќинствата на 27 ромски семејства, чии што објекти имаат имотен лист.

Иницијативата се реализира во рамки на проектот „БАИР –здружена акција на Битола за вклучување на Роми“ кој овозможува и реконструкција на улиците „Струшка“ и „Сутјеска“ во таа населба, информираа од Општина Битола.

Со реализација на проектот 27 ромски домаќинства ќе имаат можност да извршат поставување на ПВЦ дограма, обновување на фасада или санација на кровна конструкција. Најважен критериум од кој нема да се отстапува во повикот кој завршува на 7 октомври, е избраните домаќинства да се легализирани и дел од деталниот урбанистички план.

Проектот „БАИР – здружена акција на Битола за вклучување на Роми“ е финансиран од Европска Унија преку инструментот за претпристапна помош ИПА 2, ЕУ за Ромите и луѓето кои живеат во длабока сиромаштија. мт/дма/

Остани поврзан