• недела, 22 декември 2024

Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада

Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада

Тетово, 20 мај 2024 (МИА) - Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами денеска од Тетово информира дека добро оди целата процедура за договорање на следната влада. Според него, се разговара за принципите на функционирање на следната влада, се усогласуваат програмите и слично.

Тој на настанот „Отворен ден“ во организација на средните училишта во Тетово изрази надеж дека преговорите како резултат ќе имаат влада која, како што рече, ќе биде компететна, со професионалци, која ќе биде со луѓе кои ќе работат за државата и за граѓаните без разлика на нивната етничка припадност.

-Ние сме свесни дека во една мултиетничка држава и општество како што е Македонија не можат сите министри да бидат Албанци и Македонци. Но што е важно било кој да биде во едно министерство треба да работи за сите граѓани без разлика на етничка и верска и друга припадност. Во оваа фаза имаме разбирање меѓу партнерите кои ја договараат следната Влада дека без разлика кој каде ќе седне на која фотеља, ќе треба да работи за сите граѓани. Ова е многу важно за нас затоа што во минатото иако имаше многу министерства кои беа предводено од Албанците,ниту тие министерства не работеа и доволно за Албанците и за другите и за Македонците и другите граѓани.Значи етничката припадност за нас не е најаважна за да ние го реализираме тоа што го имаме ветено, изјави Касами.

На прашањата дали е познато колку министерски места ќе се распределат меѓу партнерите, Касами потенцира дека кога ќе има краен договор ќе им го соопштат на јавноста.

-Тоа е дел од стратегијата за преговарање, ние може да бараме и пола Влада, може да ни се понуди и многу малку, но на крај ќе дојдеме до тоа што ќе биде најсоодветно за сите партнери во следната Влада. Што е најважно, во интерес на граѓаните, рече тој.

За изјавата на Али Ахмети дека прегласувањето во среда може да донесе меѓуетнички тензии, Касами со коментар оти тоа било во минатото.

-Секој си зборува со тоа што знае да го прави. Али Ахмети, така договарал во минатото и така постапувал во минатото. Али Ахмети знае како ги добил и овие мандати кои ги добил сега. Затоа е во паника. Ние едноставно кажуваме да им дадеме можност на граѓаните во среда да излезат и да гласаат. Ако тој е сигурен во тие гласови што ги добил, треба да биде мирен дека пак ќе ги добие. Ако знае дека ги добил на начин кој не е демократски, не е фер, не е слободна волја на граѓаните, затоа е во паника. Ние кажуваме дека треба да создадеме услови во среда и тие граѓани да излезат и да гласаат во слободна волја за да може да кажеме кој ќе биде нивен претставник во Собранието. Ние се надеваме дека ќе имаме добар резултат, изјави лидерот на Движењето Беса.

Касами соопшти дека нема да биде пратеник и ќе ја задржи градоначалничката функција. ас/фф/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан